Фудбалерите на Кристал Палас убедливо го совладаа Лидс јунајтед со 4.1, во рамките на осмото коло, во Премиер лигата. Солидни 90 минути во дресот на Лидс јунајтед одигра македонскиот репрезентативец Алиоски.
Натпреварот на „Слехрст парк“, домашниот тим го реши во првоот полувреме, во кое постигна три гола. Во овој дел од натпреварот беше поништен голот на напаѓачот на Лидс, Патрик Бамфорд, што предизвика големи реакции во англиската јавност.
Палас до предност дојдоа со голот на Дан во 12 минута, пет минути подоцна му беше поништен голот на Бамфорд, а Езе со брилијантно изведен слободен удар, во 22 минута ја зголеми предноста на Палас.
До крајот на првиот дел несреќен авто-гол си постигна Хелдер Кошта. Точка на натпреварот стави Ају во 70 минута.
Кристал Палас има четири победи и 13 поени, додека Лидс го забележа четвртиот пораз и има гол-разлика 14:17.