Лошата сезона на Манчестер јунајтед кулминираше вечерва во Брајтон. „Галебите“, во 37.коло го декласираа Јунајтед со 4:0.
Брајтон стекнаа гол предност по првиот дел, со голот на Каиседо во 15.минута. Дебакл „црвените ѓаволи“ доживеаја во вториот дел, во периодот од 49. до 60.минута, кога Де Хега го совладаа Кукуреља, Грос и Тросар.
Шпанецот Кукуреља го постигна првиот гол за Брајтон во кариерата.
Манчестер јунајтед до крајот на сезоната ќе одиграат уште еден натпревар. Големо прашање е дали ќе го задржат местото кои им обезбедува пласман во Лига Европа.
Јунајтед сега се шести на табелата со 58 поени, Вест Хем има шест бода помалку, но и два натпревари помалку од „црвените ѓаволи“.