Top Sport

Дебакл на Партизан на домашен терен

Српскиот гигант Партизан вечерва на домашен терен доживеа неверојатен пораз (0:4) од претпоследнопласирниот тим во лигата, Младост ГАТ. Сите очекуваа лесна победа на Партизан, но на фаворитот му се случи невиден дебакл. Младост го декласираше со 0:4.

Младост ГАТ поведе во 4. минута со голот на Американецот Ромен Гало, а во 11. минута Бразилецот Кристијан зголеми на 0:2.

Во продолжението од натпреварот Младост постигна уште два гола. Во 52. минута капитенот Новица Максимовиќ беше прецизен од белата точка, а само четири минути подоцна Немања Милиќ погоди за 0:4.

Scroll to Top