Top Sport

Дебитираше за националниот тим на 40. годишна возраст

Роберто Ди Маио, 40. годишниот стопер стана најстариот дебитант во историјата на репрезентацијата на Сан Марино. Ди Маио истрча на теренот во првиот тим на натпреварот против Северна Ирска на стартот од квалификациите за Европското првенство. Северна Ирска победи со 2:0.

Искусниот дефанзивец е роден во Неапол, но има државјанство на Сан Марино.

Моментално е член на Космос, клуб од Сан Марино, а кариерата ја помина преселувајќи се од еден во друг анонимен италијански нисколигаш. Играше за Кастелнуово, Вентурина, Версилија, Катанзаро, Нечерина, Лече, Римини, Торес, но никогаш не доби шанса да игра за репрезентацијата.

Тој стана рекордер со точно 40 години и 183 дена.

Scroll to Top