Top Sport

Нагелсман од медиумите дознал дека добил отказ

Баерн, синоќа го шокира фудбалскиот свет, со одлуката да му врачи отказ на Јулијан Нагелсман, најмладиот (35) тренер во историјата на клубот

Младиот стручњак го презеде Баерн пред минатата сезона од Ханси Флик и уште во првата сезона ја освои германската титула.
Дека повеќе не е тренер на Баерн младиот стручњак дознал од медиумите. „Спорт 1“, добил потврда од тренерот кој со својата девојка се наоѓа на скијање во Австрија.

Поради ваквиот пристап кон решавање на толку чувствителен проблем, каков пто е смена на тренеорт навивачите на Баерн и медимите истакнуваат дека челниците не ја покажале големината на клубот.

„Билд“ пишува: „Нагелсман немаше поим дека може да биде отпуштен, тоа целосно го шокираше“.

По репрезентативната пауза Баерн го очекуваат најзначајните натпревари во сезоната, дербито за првото место во Бундес лигата против Борусија Дортмунд и четвртфиналната пресметка со Манчестер сити во Лигата на шампионите.

Scroll to Top