Top Sport

Дефанзивец на Астон вила влетал со Ламборгинито во училиште!

Фудбалерот на Астон вила, Кортни Хаус повторно е на насловните страници на англиските таблоиди, откако 26-годишниот дефанзивец, познат по својата груба игран а теренот, во средата излетал со своето Ламборгини од 200.000 фунти во ограда на градинка и основно училиште во близината на „Вила парк“.

Инцидентот се случил неколку часа пред тимот на Стивен Џерард да игра со Манчестер сити, а Хаус остана на клупата. Според „Дејли мејл“ Хаус бил зашеметен кога излегол од скапиот и брз автомобил, но немал повреди. Инцидентот можел да биде полош, бидејќи се случил на неколку метри од главната порта на градинката, каде што често има луѓе.

Scroll to Top