„Златната“ генерација на хрватскиот фудбал остана со еден член помалку, откако ветеранот Дејан Ловрен потврди дека веќе нема да игра за „коцкестите“. 33-годишниот дефанзивец на Лион го потврди тоа со емотивен пост на социјалните мрежи.
„Драга репрезентацијо, драги верни навивачи. Сакам да ви се обратам со не многу среќни вести, но оваа одлука ја направив со отворено срце и по долго размислување. Ми паѓа тешко и додека пишувам, се обидувам да не заплачам. Дојде ден да кажам збогум на хрватската репрезентација и ќе останам огнен навивач кој секогаш ќе биде зад мојот тим. Сонував како дека ќе играм на големит турнири со најубавиот дрес со шаховницата. Првпат го облеков дресот на девет гоини и се чувствував како да сум Супермен. Моќно, самоуверено, како и мојот херој Супермен“, открива Ловрен, кој си заминува со 78 настапи и 5 гола, како и со бронза и сребро од Светските првенства.