Top Sport

Дејли Блинд во добра состојба по новиот колапс

Дефанзивецот на Ајакс, Дејли Блинд се чувствува добро, но ќе оди на дополнителни тестови откако во вторникот колабираше на пријателскиот меч со Херта Берлин, предизвикувајќи голема загриженост кај фановите на холандскиот клуб.

Ова не е нов проблем за поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, откако по мечот од ЛШ против Валенсија во декември му беше дијагностицирана инфекција на срцевиот мускул, по што му беше вграден кардиовертерски дефибрилатор.

Тој паузираше два месеци по овој проблем, но сега го очекува нова пауза додека лекарите утврдат која е причината за колабирањето.

„Дејли Блинд мораше да го напушти теренот при мечот со Херта. Тој се чувствува добро и беше на лекарски прегледи, и сега ги чекаме тестовите пред да се врати на тренинзи“, велат од Ајакс.

Блинд, кој е роден во Амстердам, беше дел од младинската академија на Ајакс од неговата осма година, пред да дебитира за првиот тим во 2008. Тој замина за Манчестер јунајтед во 2014, пред во 2018 да се врати во матичниот клуб.

Дејли Блинд морал на операција на срцето!

 

Scroll to Top