Top Sport

Поветкин: Нокаутот над Вајт не беше среќен удар

Рускиот тешкаш Александер Поветкин во првата прес-конференција по спектакуларниот и брутален нокаут над британскиот фаворит Дилијан Вајт, вели дека нема проблем со договорот со римеч, но дека сака Вајт да дојде во Русија на дуел.

„Тоа беше можеби најдобриот удар во мојата кариера, тоа е сигурно. Не сум го гледал мечот повторно, но знам за кој удар се работеше бидејќи тренирав. Луѓето можат да зборат дека се работи за среќен удар, но немаше ништо среќно во тоа, посебно за него“, изјави насмеаниот „Руски витјаз“ за победата над Британецот, која го постави во игра за ВБЦ титулата во тешка категорија на 40 години.

Вајт чекаше дуел со ВБЦ шампионот Тајсон Фјури и дуелот со Поветкин требаше да биде само еден чекор кон таа цел, но Русинот го собори со пеколен удар.

„Сега ќе имам ри-меч и не размислувам на подоцнежните противници. Тајсон Фјури е силен и спектакуларен, не толку технички поткован како Џошуа, но ниту за него не можам да кажам лоши работи. Секогаш е забавно со Тајсон. Не ми е грижа каде ќе боксувам, но би сакал меч во мојата татковина, бидејќи одамна немало голема пресметка“, вели Поветкин.

Поветкин двапати се крена, за брутално да го нокаутира Вајт

Scroll to Top