Унаи Емери се наоѓа под голем притисок, Арсенал нема победа на последните пет натпревари во Премиер лигата, а медиумите пишуваат дека повеќе не е прашање на денот кога ќе биде отпуштен туку кога ќе го добие отказот.
Англија интензивно се занимава кој може да го наследи Емери на клупата на Арсенал. Најмногу шанси, барем според медиумите, има поранешниот играч на овој клуб Микел Артета, кој му е прв асистент на Пеп Гвардиола во Манчестер сити.
„Дејли Мејл“ пак тврди дека главен кандодат бил менаџерот на Вулвархемптон Нуно Еспирито Санто.
Овој Португалец бил голем пријател со еден од челниците на Арсенал, Раул Санлехи, кој бил подготвен да му понуди работа на Еспирито Санто.
Португалецот е во Вулверхемптон од 2017 година, успеа да се пласира во Премиер лигата, а минатата сезона избори пласман во Лига Европа. Во тековната сезона Вулверхемптон се наоѓаат на петтото место на табелата.