Пред точно 16 години, Дејвид Бекам го имаше својот прв настап во МЛС лигата за Лос Анџелес галакси против Челси, за точно на истиот датум МЛС лигата да има шанса да го прослви пристигнувањето на Лионел Меси.
Меси вечерва ќе дебитира за Интер Мајами на мечот против мексиканскиот Круз Азул, точно 16 години по дебито на газдата на МЛС клубот, Бекам за клубот од Лос Анџелес.
Кога Бекам пристигна во Лос Анџелес во 2007 година, тој започна нова ера на фудбалот (сокерот) во САД, пристигнувајќи од Реал Мадрид како суперѕвезда. Сега, времето е Меси да покаже дека може да го направи истото.
On this day in 2007, David Beckham made his Galaxy debut, in the final 12 minutes of a 1-0 defeat to Chelsea at the Home Depot Center #LAGalaxy pic.twitter.com/ZNWqnK4kcq
— Galaxy History (@GalaxyHistory) July 21, 2022