Top Sport

Откако Челси им ги „грабнаа“ Каиседо и Лавија, Ливерпул се фокусира на Дукуре

Ливерпул ги интензивираат преговорите со Кристал палас за трансферот на Шеик Дукуре, откако Челси успеа да ги победи во трансферите на Моисес Каиседо и Ромео Лавија, тврди „Индепендент“.

„Кошмарниот“ преоден рок за тимот на Јирген Клоп беше најдобро симболизиран со неуспешниот обид да го донесат Каиседо од Брајтон. Тие се договорија со премиерлигашките ривали за рекорден трансфер од 115 милиони фунти, пред Еквадорецот да го одбие трансферот и да посака да оди во Челси. Лавија од Саутемптон потоа беше посочен како главна цел, пред тој повторно да замине кај „сините“.

Сега, според „Индепендент“, Ливерпул бараат нова „шестка“ во Дукуре, но Палас бараат околу 60 милиони фунти за нивниот трансфер. Репрезентативецот на Мали, за разлика од Каиседо, веќе дал согласност за трансфер на „Енфилд“, така што нема да има нови изненадувања. Друга опција е Жоао Паулиња од Фулам и Кефрен Тирам од Ница.

Scroll to Top