Top Sport

Ноле едвај чека да ги види навивачите во Белград

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ вели дека е пресреќен што ќе се врати во акција пред навивачи на првата станица од неговата „Адрија турнеја“ во Белград овој викенд.

Првата станица од „Адрија тур“ ќе се оддржи во неговиот тениски комплекс покрај Дунав со Германецот Александер Зверев, Австриецот Доминик Тим и Бугаринот Григор Димитров, како замена за редовната АТП турнеја која е одложена до крајот на јули поради корона вирусот.

И покрај пандемијата на корона вирусот, ќе бидат дозволени навивачи, како што можеше да се види на фудбалскиот меч Партизан-Црвена зведа, каде што имаше над 20 илјади фанови.

„Ние имаме поинакви услови и мерки од другите земји, така што не може да се споредуваме. Имавме подобри бројки, но и покрај тоа се загубија човечки животи. Но, животот продолжува, а спортистите сакаат да се натпреваруваат. Некој ќе каже дека е опасно, но јас не ги носам мерките и го правиме тоа што ќе го каже владата“, вели Ѓоковиќ.

Се очекува да има неколку илјади фанови на привремените трибини и Тим вели дека е презадоволен што ќе игра.

„Фантатично е што повторно ќе играме пред публика и ќе ја вратиме атмосферата“, вели Тим.

Scroll to Top