Top Sport

Клоп има целосна доверба во Морено

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп инсистира дека има стоотстотна доверба во својот дефанзивец Алберто Морено и покрај „кошмарот“ против Севилја.

Откако водеа со 3:0 во меч од Лигата на шампиони, „црвените“ примија два гола во првите 16 минути од второто полувреме, за во финишот да се задоволат со 3:3 реми. Морено, кој играше против својот поранешен тим, направи грешки во првите два гола – правејќи ги фаулите за слободниот удар по кој Висам Бен Једер постигна гол и правејќи го пеналот над францускиот напаѓач. Клоп, кратко потоа го извади Шпанецот од игра.

„Тоа не беше вина на играчот. Секако, разговарав со Алберто и задоволен сум од неговата форма и неговите перформанси. Во овој спорт е многу тешко, така што јас сум виновен за тој меч. Сите зборуваа со Алберто како со член на семејството. Тој загуби еден процент од концентрацијата и така почна тоа. Требаше да направам промена порано, така што јас сум 100 отсто виновен“, вели Клоп.

Ова е вторпат навивачите на Ливерпул да наоѓаат виновник за слабата игра во еден од своите дефанзивни играчи. Претходно, слабата игра на Дејан Ловрен беше под лупата, и тој дури добиваше закани по својот живот преку социјалните мрежи.

Ароганцијата на Фирмино и „колапсот“ на Ливерпул

Морбидна закана до Ловрен: Ќе ти го убиеме семејството

Scroll to Top