Top Sport

Дел Пјеро: Роналдо го издаде Јувентус!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро се придружи кон таборот критичари на сметка на Кристијано Роналдо по завчерашната елиминација на „Старата дама“ од Порто во осминафиналето на ЛШ.

Трагичар на мечот, според многумина, беше токму Роналдо кој во 115 минута при водство на Јуве од 2-1 стоеше во живиот ѕид, па Серхио Оливеира од слободен удар шутираше токму кон неговите нозе, а Португалецот скокна и го заврте грбот, па Шчесни беше немоќен да спречи израмнување кое подоцна значеше елиминација за клубот од Торино.

„Роналдо со тој потег го издаде Јувентус, но не беше единствениот. Но тој ја има одговорноста како најдобриот играч и водач на екипата, мораше подобро да реагира во таква ситуација. Јувентус цел час имаше играч повеќе и премалку направи во нападот. Порто само ги чекаше и ги искористи своите прилики“ рече Дел Пјеро кој за „Старата дама“ настапуваше од 1993. до 2012. година, настапи на 705 меча и постигна 290 гола.

Scroll to Top