Top Sport

Дел Пјеро во посета на Конте и Тотенхем, навивачите збеснаа

Италијанската фудбалска легенда, Алесандро дел Пјеро денеска беше во посета на својот стар пријател и поранешен соиграч, Антонио Конте на тренинг-центарот на Тотенхем, каде што се фотографираше со повеќе ѕвезди на клубот, и изјави дека е импресиониран од начинот на кој се води тимот.

Дел Пјеро е во Лондон како дел од коментаторскиот тим на „Скај спорт Италија“ за дербито Челси-Јувентус на „Стемфорд бриџ“.

„Бев импресиониран од целата организација на Спарс, тоа што го изградија и што продолжуваат да го градат. Беше прекрасно да е види Антонио, тој е насмеан и релаксиран, можеби по победата над Лидс малку му олесна. Сите работат напорно во тимот“, изјави Дел Пјеро.

Фудбалерите на Тотенхем, како Хери Кејн и Пјер-Емил Хојбјерг не ја пропуштија шансата да добијат селфи со Дел Пјеро.

„Ова се момчиња со многу посебни плати, но уште се момчиња кои како јас израснаа гледајќи фудбал на ТВ и го сакаат фудбалот“, вели Дел Пјеро.

Тој исто така доби пречек пред „Стемфорд бриџ“, но од навивачите на Јувентус, кои едвај го пуштија да влезе на стадионот.

Scroll to Top