Голманот на Пари Сен-Жермен, Кејлор Навас покажа дека секогаш се најважни делата, а не зборовите, откако прими 30 бегалци од Украина во својот дом во Париз, снабдувајќи ги со привремен покрив над главата и со храна.
Сопругата на костариканскиот голман, Андреа Салас била задолжена заедно со готвачите да подготвува храната и сместувањето во домашното кино на семејството.
„Асоцијацијата на роми од предградието Грасија во Барселона отпатувала во Краков, Полска, за да обезбеди храна за украинските бегалци, а кога се вратиле, Кејлор Навас решил да помогне. Тој купи 30 кревети кои беа сместени во домашното кино, неговата сопруга обезбеди храна и облека, како и поддршка од евангелистичката црква на која сопружниците припаѓаат“, објави каталонскиот весник „Спорт“.