Top Sport

Навивачите на Лацио протестираат за „импровизациите“ во трансферите

Откако италијанските медиуми тврдеа дека тренерот Маурицио Сари е „бесен“ на разочарувачкиот јануарски преоден рок на Лацио, навивачите на римскиот клуб се јавија со протест против „смешната и импровизирана“ стратегија на нивниот сакан клуб.

Единствено пристигнување на „Олимпико“ беше Португалецот Жоване Кабрал од Спортинг за 9 милиони евра, додека Ведат Муриќи беше позајмен во Мајорка, Мохамед Фарес во Торино, Денис Вавро во Копенхагон, Гонзало Ескаланте во Алавес, Жони во Хихон, Боби Адекање во Кротоне и Риза Дурмиши во Спарта Ротердам.

Заминувањата значат дека единствен вистински напаѓач во тимот останува Чиро Имобиле, и навивачите најавија дека во четврток ќе имаат протест пред тренинг-центарот во Формело.

„Мораме да протестираме на стадионот, на тренинг-терените, во лично и не само на социјалните мрежи. Моравме да следиме уште еден вообичаен смешен и импровизиран преоден рок, поставен на проект кој не постои. Лацио е наш, а не на тие кои се лидери во тимот. Во четврток во Формело ќе врескаме со презир за клубот кој не се грижи за своите фанови. Од прескапите билети до ослабувањето на тимот“, се вели во објавата на навивачите на Лацио.

Scroll to Top