Навивачите на Црвена звезда му пратија поддршка на својот поранешен легендарен фудбалер, Синиша Михајловиќ, кој неодамна потврди дека повторно му следува битката со леукемијата.
На мечот против ТСЦ во четврт-финалето на Купот на Србија, тие му пратија порака на сегашниот тренер на Болоња и дел од нивната славна генерација која ја освои Европа.
„Синиша, ти кој живееш под среќната ѕвезда, ти ќе победиш во секоја битка. Синиша тоа значи безброј победи“, пишува на транспарентот на „Делиите“.