Фудбалерот на Барселона Џерар Делофеу најверојатно ќе ја напушти Барселона и ќе се пресели на двегодишна позајмица во Интер, пренесува каталонскиот весник „Спорт“.
Делофеу летово втор пат во кариерата стана член на својот матичен клуб Барселона, но повторно не ја доби вистинската шанса да се докаже на „Ноу Камп“.
Откако првиот пат замина од Барселона настапуваше како позајмен играч најпрвин во Евертон, а потоа и во Милан каде стекна целосна афирмација.
Сега тој е на добар пат повотрно да се врати во Милано, но не во Милан туку во Интер.