Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид, ги демантира информациите на весникот „Марка“, дека играчот на овој клуб, Лукас Ернандез ќе се пресели во Баерн Минхен за сума од 80 милиони евра.
„Марка“, обајви дека 22-годишниот фудбалер, кој со Атлетико има договор до 2024 година, се согласил да потпише четиригодишен договор со Баерн. Исто така, Баварците му соопштиле на фудбалерот дека ќе ја платат клаузулата за откуп.
Според шпанскиот закон, сите фудбалери во своите договори мора да имаат клаузули за откуп за да можат и сами да си откупат договорите. Таково нешто се случи најпрвин со трансферот на Вотоло од Севилја во Атлетико и на Нејмар од Барселона во Пари Сен Жермен.
„По повод приказната која ја објави ‘Марка’ дека наводно Баерн Минхен постигнал договор со нашиот играч Лукас Ернандез и дека тој во јануарскиот преоден рок ќе г напушти клубот, Атлетико Мадрид сака да изјави дека Лукас ги демантираше тие наводи, односно дека постои било каков договор помеѓу него и Баерн Михен. Тој нема намера да го напушти клубот. Исто така одличните односи што ги имаме со Баерн го натераа германскиот клуб да демантира дека воопшто имало преговори околу трансферот“, стои во соопштениет објавено на официјалната страница на Атлетико Мадрид.
Лукас Ернандес е продукт на фудбалската академија на Атлетико, а за првиот тим дебитирал во 2014 година. Лукас беше дел од стартната постава на Франција која во Русија стана светски првак.