Top Sport

Дембеле ги „крена“ Барса над Сосиедад

Барселона е во полуфиналето на Копа дел реј, останувајќи во игра за три трофеи оваа сезона, откако на „Ноу Камп“ со 1:0 го совладаа незгодниот Реал Сосиедад.

dobivaj vesti na viber

Шансите на каталонскиот клуб за победа се зголемија во 40. минута, кога гостите останаа со 10 играчи по црвениот картон на Браис Мендез по остриот старт над Серхио Бускетс.

И покрај ова, тимот на Иманол се покажа како сериозен противник, пред Усман Дембеле во 51. минута со силен удар да го реши победникот и патникот во полуфинале.

Scroll to Top