Усман Дембеле ја продолжи својата јавна расправија со капитенот на Франција, Килијан Мбапе.
Кога беше прашан кого го смета за најдобар фудбалер во светот, тој одговори:
„Хвича Кварацхелија е најдобар во светот. Би бил воодушевен ако Квара ја освои Златната топка затоа што ја заслужува.“
Француските новинари и фудбалските фанови се согласуваат дека ова е нова порака од Дембеле до Мбапе, без да го именуваат.
Сè започна со интервју што Килијан Мбапе го даде за „Франс Фудбал“. Мбапе зборуваше за својата кандидатура за Златната топка и го спореди својот пат со оној на Дембеле.
Дембеле е минатогодишниот освојувач на Златната топка. Мабпе рече дека Дембеле отсекогаш се сметал за голем талент, додека себеси се опиша како „избран“ играч од самиот почеток.
Foto/ Depositphotos
