Top Sport

Мбапе ги шокираше „Најк“, но и „Адидас“ и „Пума“

Една од најголемите спонзорски транзиции во историјата на фудбалот е официјализирана. Францускиот голгетер Килијан Мбапе го напушти „Најк“ и потпиша за „ОН“ со помош на Тиери Анри, со што стана заштитно лице на швајцарскиот бренд поддржан од Роџер Федерер.

Фудбалерот на Реал Мадрид ја заврши својата долгогодишна соработка со американскиот гигант и потпиша договор со швајцарската компанија „ОН“, со што стана главно лице на нивниот прв влез на пазарот на фудбалски копачки.

Овој мултимилионски договор бил подготвен во строга тајност. Како што објави „Атлетик“, легендарниот француски фудбалер и поранешна ѕвезда на Арсенал, Тиери Анри, тајно работи како „директор за фудбал“ во компанијата „ОН“ од минатата година и одигра клучна улога во убедувањето на дваесет и седумгодишниот сонародник да прифати нова соработка и да се пресели во швајцарскиот бренд по истекот на неговиот договор со „Најк“ ова лето.

Соработката не е од класичен карактер, туку е замислена така што Мбапе активно учествува во развојот на сосема нови фудбалски производи и фудбалски копачки на брендот „OН“.

Веста за овој историски трансфер предизвика непосредна реакција на финансиските пазари.

Акциите на швајцарската компанија, која е поддржана од тениската легенда Роџер Федерер, скокнаа за дури 7,4 проценти на американската берза.

Овој потег претставува огромен удар за „Најк“, но и за „Адидас“, „Пума“ и другите водечки брендови, бидејќи „ОН“, со Мбапе на чело, се позиционира како нов сериозен играч во елитниот светски фудбал.

Foto/ Depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');