Играчот на Барселона Усман Дембеле ќе мора да биде опериран поради повредата со која се здоби на тренингот во понеделникот.
Клубот соопшти дека хируршкиот зафата ќе му биде извршен наредниот вторник, на 11 февруари во Финска.
Барселона не објави колкава пауза овој пат го ќека францускиот репрезентативец.
Поради повредите Дембеле сезонава има одиграно само девет натпревари за Барселона, а последен пат во тимот бил во ноември минатата година.
Дембеле во Барселона е од 2017 година кога клубот издвои за него 125 милиони евра.