Top Sport

(Видео) Германски новинар со дрес на Кејн во Баерн го провоцираше менаџерот Постекоглу

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу не можеше да ја скрие лутината откако новинар на германскиот „Билд“ му донесе дрес на Баерн Минхен со името на Хери Кејн на прес-конфренција во Бангкок, Тајланд.

„Како изгледа? Добро, нели?“, се смееше новинарот покажувајќи го дресот.

Постекоглу не беше подготвен за шеги.

„Не знам за што зборуваш. Добро се насмеа? Многу добро. Помина долг пат да го направиш тоа“, одговори саркастично австралискиот тренер.

Германските медиуми се сигурни дека Баерн Минхен ќе направи и трета понуда за англискиот напаѓач, овојпат блиску до сумата од 100 милиони фунти кои ја бараат Тотенхем за трансфер на нивниот напаѓач.

Scroll to Top