Она што беше објавено минатата недела, потврда доби пет дена подоцна, бидејќи младиот аргентински тренер Мартин Демикелис ја прифатил понуда од Ред Бул Лајпциг.
Како што објавува познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг, германскиот бундеслигаш ја активираше клаузулата за откуп што Аргентинецот ја имаше во својот договор со Мајорка, вредна два и пол милиони евра.
Доколку нема значајни изненадувања во наредните денови, Демикелис ќе го наследи Оле Вернер на клупата на Лајпциг, кој попладнево доби отказ од должноста шеф на тренерскиот штаб.
До неодамна стратегот на Мајорка, со кого не успеа да опстане во шпанската Ла Лига, на тој начин ќе се врати во Бундеслигата, каде што играше за Баерн Минхен.
Покрај Мајорка, тој имаше тренерски ангажман во Монтереј, Ривер Плата и во вториот тим на Баерн.
