ДР Конго ја шокираше Португалија и освои бод во натпреварот од првото коло од Групата К на Светското првенство. Натпреварот заврши со резултат 1:1.
Сензација во Хјустон можебие само резултатот, но тој е реален според се она што се случуваше на теренот.
Португалија ја имаше топката, со бескрајни додавања, се обидуваше, но не успеа да ја пробие организираната одбрана на Конго.
Идеално започна мечот за фаворитот. По центаршутот на Нето, најнискиот на теренот, Жоао Невеш со глава погоди во шестата минута. Се обидоа потоа Португалците да притиснат уште повеќе, но не зодадоа шанса до крајот на мечот.
Како одминуваше натпреварот Конго излегуваше понапред, а Виса ја шокира Португалија во петтата минута од судиското надополнување на времето во првиот дел.
Второто полувреме се играше по речиси исто сценарио како првото, со таа разлика што играчите на Конго не играа бункер. Се обидуваа, имаа неколку опасни напади, но премногу грешее во последната третина од теренот.
Истото важи и за Португалија, легендарниот Роналдо речиси беше невидлив на теренот, имаше два обиди, но без конкретна закана.
Foto/ EPA
