Top Sport

Ден кога ечеше Дарко, Дарко…Црвена звезда е европски првак (Видео)

На денешен ден пред 29 години Црвена звезда ја освои титулата во Купот на европските шампиони. Дел од најголемиот фудбалски успех во поранешната држава беа и двајца Македонци Дарко Панчев и Илија Најдоски.

Црвена звезда во финалето кое се одигра на стадионот „Свети Никола“ во Бари по изведувањето на пенали го победи Олимпик Марсеј со 5:3. Во регуларниот дел и по продолженијата немаше голови.

Пенал серијата ја отвори Просинеки со гол, а потоа голманот Стојановиќ го одбрани ударот на капитенот на Марсеј, Аморос. До крајот сите изведувачи на пеналите беа прецизни. Последниот пенал на мечот го реализираше Панчев.

Финале КЕШ, Бари 29 мај 1991:

Црвена Звезда: Стојановиќ – Југовиќ, Белодедиќ, Најдоски, Маровиќ – Шабанаџовиќ, Просинечки, Михајловиќ, Савиќевиќ (Стошиќ) – Биниќ, Панчев

Олимпик Марсеј: Олмета – Аморос, Мозер, Боли, Казони – Ди Меко (Стојковиќ), Жермен, Фурние (Веркрис), Водл – Пеле, Папен.

Scroll to Top