Top Sport

Соиграч го навредил на тренинг, Џордан го трејдувал

Рип Хамилтон член на шампионската генерација на Детроит Пистонс од 2004 година се потсетил на периодот кога во Вашингтон Визардс соиграч му бил Мајкл Џордан.

Хамилтон раскажал анегдота која го отсликува негодниот карактер на Ем-Џеј.

„Ларон Профит погоди еден шут преку Џордан и додека се враќаше во одбрана му кажа: ‘Не можеш да ме чуваш со тие стари колена’. Си помислив: ‘Застани, тајм-аут. Не можеш тоа да му го кажеш на некој кој е Г.О.А.Т.. Џордан побудале’. Подоцна дојде и ми кажа: ‘Ок Рип ти си добро момче, но твојот другар Проф е готов. Тој ќе замине одовде, ќе останеш сам’. Му одговорив дека немам проблем со тоа, дека сум негов соиграч“, раскажал Хамилтон.

Џордан си го одржал ветувањето. Профит бил трејдуван во Орландо Меџик во замена за пик на наредниот драфт. Сепак три години подоцна Профит се врати во Вашингтон.

Џордан тогаш ја заврши кариерата.

Scroll to Top