Во тек е второто полувреме на дуелот меѓу Манчестер Јунајтед и Лидс Јунајтед во рамки на 14 коло од Премиерлигата, по првите 45 минути 4-1 е за „ѓаволите“.
На „Олд Трафорд“ македонскиот фудбалски репрезентативец Езџан Алиоски од првата минута е во составот на Биелса, но ѕвезда на мечот е играчот од средниот ред на Јунајтед, Скот Мектоминеј.
Тој за само 171 секунда од почетокот на мечот постигна два гола за својот тим.
Првиот по додавање на Бруно Фернандеш кога на семафорот стоеше 01:06.
Вториот погодок го постигна кога времето покажување дека се одиграле 02.51 од почетокот на мечот. За вториот гол му асистираше Марсијал.
Шкотланѓанецот стана првиот фудбалер во историјата на Премиерлигата што постигнал два гола за толку краток период од почетокот на мечот.