Ретко кога фудбалер постигнува два гола и има две асистенции, неговиот тим победува со 6:0, но натпреварот завршува со чувство дека е пропуштена голема шанса. Тоа му се случи во саботата на Мохамед Салах.
Ѕвездата на Ливерпул повторно беше прва ѕвезда на Египет во мечот од квалификациите за Африканскиот куп на нации против Нигер, но мечот го започна со утнат пенал веќе во првата минута.
Наскоро врати со асистенција до Марван Мохсен за 1:0, а Египет додаде уште еден гол преку Ајман Ашраф.