Фудбалерот на Њукасл, Дени Роуз вели дека е „ненормално“ да се зборува за враќање на Премиер лигата сред пандемија на корона вирус, инсистирајќи дека не му е гајле за „е.ениот морал на нацијата“ кога се работи за ризикување на животот.
Денешната објава на британската влада дека од 1 јуни може да се врати Премиер лигата, даде надеж дека ќе има фудбал ова лето преку „Проектот рестарт“ на клубовите, но Роуз, кој беше „избркан“ од Жозе Мурињо од Тотенхем, вели дека се работи за чисти глупости.
„Владата вели дека го враќаме фудбалот бидејќи ќе го подобри моралот на нацијата. Ми се е.е за моралот на нацијата, се работи за ризикување на животот. Не треба ниту да се зборува за фудбалот додека нема големо намалување на бројките на новозаболени и починати. Тоа се чисти глупости. Ќе ме тестираат во петок, па ќе видиме што ќе се случи“, вели Роуз во разговор на Инстаграм лајв.