Top Sport

Дени Роуз: Премногу политика во фудбалот, одвај чекам крај!

Фудбалерот на лондонски Тотенхем, Дени Роуз рече дека доста му е од непријатностите кои ги доживува на стадионите и истакна дека одвај чека да ја заврши кариерата.

Роуз со уште неколку англиски репрезентативци беше мета навреди на расна основа на црногорските навивачи на натпревар во Подгорица, во рамки на квалификациите за ЕУРО 2020.

УЕФА покрена дисциплинска постапка, но Роуз не очекува дека Црна Гора ќе биде драстично казнета.

„Кога држава ќе биде казнета онолку колку што јас ќе потрошам за една вечер во Лондон, што очекувате“ – вели фудбалерот.

Роуз на расна основа бил навредуван и во 2012 година во Крушевац, Србија на натпревар меѓу младите селекции на Србија и Англија, па вели дека политиката е премногу навлезена во фудбалот.

„Се програмирав така да мислам дека ќе играм уште 5/6 години. Премногу има политика во фудбалот и одвај чекам да му го видам грбот, одвај го чекам крајот“ – вели 28-годишниот фудбалер.

Scroll to Top