Top Sport

На Гатузо му се спрема „метла“ во Милан, Покетино на негово место?!

Челниците на Милан сакаат на клупата да доведат нов тренер, што би значело отказ за Џенаро Гатузо, пренесува „Кориере дела сера“.

Информациите се дека Росонерите не се задоволни од учинокот на Гатузо, па на кормилото на клубот би сакале да го видат менаџерот на Тотенхем, Аргентинецот Маурицио Покетино.

Шпекулациите одат дотаму што и да избори пласман во ЛШ идната сезона, местото на Гатузо на клупата на Милан не е загарантирано.

Тимот од „Сан Сиро“ моментно е четврти во Серија Асо само еден бод пред забревтаната Аталанта на петтата позиција.
Директорот на клубот, Иван Газидис смета дека Покетино е вистинскиот човек за клупата на Милан, а единствена шанса да го доведат Аргентинецот во Милано е клубот идната сезона да игра во ЛШ.

Покетино е менаџер на Тотенхем од 2014 година.

Scroll to Top