Top Sport

Денисов: Го ризикувам животот, но ќе кажам дека војната во Украина е хорор

Поранешниот капитен на руската репрезентација, Игор Денисов ја критикуваше инвазијата на неговата земја во Украина, признавајќи дека коментарите може да го чинат скапо.

38-гоишниот Денисов, кој беше капитен на Русија од 2012 до 2016, а со Зенит Санкт Петерсбург го освои УЕФА купот во 2008 година, со овие изјави ризикува затвор до 15 години според новиот закон за тие кои го критикуваат конфликтот.

„Работите кои се случуваат се катастрофа. Вистински хорор. Не знам, можеби ќе бидам затворен или убиен за овие зборови, но секогаш сум го кажувал тоа што сум го гледал и мислел“, вели Денисов.

Денисов додаде дека пратил писмо до рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека е подготвен да „клекне“ пред него и да го моли да ја сопре војната, велејќи дека веќе ја нема гордоста како Русин.

Scroll to Top