Top Sport

Ивановски елиминиран, Бугариќ и Марковски во второто коло (ФОТО)

Калин Ивановски не успеа да ја мине првата пречка откако во дуелот против првиот носител Орландо Луз од Бразил, кој во моментов е 321 играч на светот е поразен со 2:0 во сетови.

Берк Бугариќ и Обрад Марковски се пласираа во второто коло на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.

Бугариќ во меч што траеше скоро два часа со 2:0 по сетови 6:4 и 6:3 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија додека Марковски место во втората рунда обезбеди откако Дејли Вокин од Австралија го предаде мечот во вториот сет.

Турнирот го завршија и Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази на мечевите против со Словакот Лукас Палович и Франко Ронкадели од Уругвај.

Фото: Игор Паневски

 

Scroll to Top