Роберт Левандовски од пред четири години е играч на Баерн Минхен, каде стигна со репутација на еден од најдобрите напаѓачи во светот на фудбалот. Полскиот репрезентативец, на денешен ден во 2015 година и на оние што се сомневаа во неговиот квалитет им покажа дека е вистински мајстор.
Пред точно три години, Баерн го пречека Волфсбург и од 26.минута имаше негатива од еден гол.
Левандовски натпреварот го започна од клупата за резерви, а тогашниот тренер на баварците, Пеп Гвардиола, го внесе во игра во вториот дел.
Се потоа е историја што е запишана во фудбалските книги. Левандовски во периодот од 51. до 60.минута постигна пет гола и само го победи Волфсбург.