Top Sport

Денот кога се сретнаа најголемите фудбалски „бараби“ – Рој Кин и Вини Џонс

Пред 27 години на калливиот терен на „Селхарст парк“, се случи неверојатната битка на двајца од најпознатите фудбалски „бараби“ – Вини Џонс и Рој Кин.

Џонс, кој подоцна стана попознат како актер, по вторпат играше за Вимблдон, додека младиот Кин ја играше првата сезона во Манчестер јунајтед по трансферот од Нотингем форест. Јунајтед и Вимблдон се сретнаа во петтото коло на ФА купот и според очекувањата, двајцата имаа интересна битка во средината.

Дел од стартовите кои можат да се видат на видеото можеби се незамисливи за помладите фудбалски фанови, кои не се навикнати на ваква бруталност. Џонс прв го собори Кин, а подоцна се обиде да го удри со глава неколку секунди откако Џон Фашану го „уништи“ Пол Паркер. Во првото полувреме, Џонс го „сотре“ и Ерик Кантона, кој невообичаено остана смирен на теренот каде што една година подоцна со кунг-фу удар ќе го удри расистичкиот навивач.

Наместо судири, Јунајтед се задоволија со 3:0 победа, по што ја освоија двојната титула во Англија – Премиер лигата и ФА купот, каде што во финалето со 4:0 го победија Челси.

Подоцна, Џонс изјави дека Кин не бил меѓу тројцата најсилни играчи против кого играл.

„Да бидам искрен, Рој не правеше многу галама кога играше со мене. Не се сеќавам на некој старт. Фантастичен фудбалер, да, и човек кого го почитувам, но посилни од него беа Били Вајтхурст, Стив Мекмехон и Брајан Робсон“, изјави Џонс.

Scroll to Top