Top Sport

Депај од пенал носи водство за Холанѓаните

Холандија стигна до 1:0 водство во 11. минута од мечот со Австрија, резултат кој и дефинитивно значи дека Македонија е елиминирана во групната фаза на ЕУРО 2020.

По фаулот над Дамфрис во шестнаесетникот на Австријците од страна на Давид Алаба, и по консултацијата со ВАР системот, судијата Гринфилд покажа на белата точка, а Мемфис Депај сигурно го реализираше ударот од 11 метри. Ова инаку е само втор реализиран пенал од шест досудени (два на мечот Македонија-Украина) на ЕУРО 2020 досега.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');