Top Sport

Депај спаси реми за Холанѓаните против „преполовената“ Шкотска

Еден од противниците на Македонија во групната фаза на Европското првенство ова лето, фаворизираната Холандија немаше најдобар прв тест пред шампионатот, откако во Фаро, Португалија едвај стигна до 2:2 реми со Шкотска, репрезентација која на пријателскиот меч пристигна без седум фудбалери кои се во изолација поради КОВИД-19.

Џек Хендри ги донесе Шкотланѓаните во водство во 11. минута од мечот, за Мемфис Депај да израмни само шест минути подоцна. Меѓутоа, во 67. минута, Кевин Нисбет успеа пак да донесе водство за Шкотска по асистенција на Енди Робертсон. Депај спаси реми за тимот на Френк де Бур во 89. минута од мечот.

Во дуелот на две репрезентации кои добро ги познаваме, Романија загуби со 1:2 од Грузија во меч одбележан со по еден црвен картон на двете страни, необично за пријателски меч.

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ

Холандија – Шкотска 2:2

Романија – Грузија 1:2

Scroll to Top