Top Sport

Депај „спасител“ на Атлетико – победа со 10 играчи кај Селта

Атлетико Мадрид ја забележа третата победа во последните четири меча во Ла лига, триумфирајќи минимално со 1:0 на гостувањето кај Селта и покрај тоа што финишот на мечот го заврши со 10 играчи со нов црвен картон на Стефан Савиќ.

Савиќ успеа да добие трет црвен картон во неговите последни пет настапи за Атлетико, во период од еден месец, во 70. минута за да го остави тимот на Диего Симеоне во незавидна положба во финишот на мечот.

Спасител на „рохибланкос“ беше новото засилување во нападот, Мемфис Депај, кој во 89. минута одлично реагираше во шестнаесетникот на домаќините за важни три поени за Атлетико.

Атлетико останува на четвртото место во Ла лига со 38 поени, четири повеќе од петтопласираниот Бетис, додека Селта е 13-та со 23 поени.


Standings provided by Sofascore
Scroll to Top