Top Sport

Бенчич со драматична победа во Абу Даби, Синер го освои Монпелје

Најдобрата швајцарска тенисерка, Белинда Бенчич имаше неверојатен камбек во финалето на Абу Даби опен во неделата, за да ја победи Русинката Људмила Самсонова со 1:6/7:6(8)/6:4 за втор трофеј во 2023.

Бенчич беше пред четврти пораз во низа од Самсонова, откако немаше шанси во првиот сет, а потоа Русинката поведе и во вториот сет. Но, Бенчич, која победи во Аделаида оваа година, успеа да остане во живот во драматичниот тај-брејк во вториот сет, а потоа да стане првата шампионка на новиот турнир на ВТА турнејата.

Во Монпелје пак, Италијанецот Јаник Синер ја освои својата прва титула во 2023 година, откако со 7:6(3)/6:3 го совлада Французинот Максим Креси. Синер, кој научил да игра тенис на индорс подлога, беше доминантен во финалето, посебно во вториот сет, откако импресивниот Креси пружи отпор во тај-брејкот. Ова е седма АТП титула во кариерата на Синер.

21-годишната руска тенисерка, Анастасија Потапова со 6:3/6:1 ја „збриша“ Хрватката Петра Мартиќ за да ја освои титулата од Лејдис Линц турнирот во Австрија. Потапова претходно ја имаше совладано Мартиќ во второто коло на Истанбул опен минатата година, кога ја освои својата прва титула во кариерата. Со победата, Потапова би требало да влезе во топ 30 на ВТА листата од понеделник.

Scroll to Top