Еден од најсилните шпански клубови на почетокот на овој век, Депортиво ла Коруња, од наредната сезона би можел да се натпреварува во Петтат шпанска лига. Депориво од Ла Лига испаднаа во 2018 година, минатата сезона ја завршија на 19 место во Сегунда и се преселија во Сегунда Б (Трета лига).
Шпанците имаат подготвено реорганизација на пониските лиги, од наредната сезона Сегунда Б нема да постои. Поради реорганизацијата, може да се случи, шампионот од 2000 година, да заврши во Петтата лига.
Фудбалскиот сојуз на Шпанија, од наредната сезона воведува две нови лиги, Примера РФЕФ и Сегунда РФЕФ.
Терсера Дивисион, сегашна Четврта лига, ќе стане Петта лига, каде може да падне Депротиво.
Славниот клуб, во моментов, во конкуренција на десет екипи се наоѓа на петтото место на табелата, во А-групата, во Сегунда Б.
Со реорганизацијата, само првите три тима од секоја група ќе изборат пласман во Примера РФЕФ, екипите од четвртото до шестото место ќе играат во Сегунда РФЕФ. Останатите четири екипи ќе испадна во Петтата лига.
Депортиво Ла Коруња има само една победа на последните пет натпревари, поради што им се заканува вистинска катастрофа.