Top Sport

Дер Шпигел: Манчини добивал пари на нелегален начин од Манчестер сити

Германскиот „Дер Шпигел“  тврди дека актуелниот италијански селектор, Роберто Манчини дел од својата плата и компензација од Манчестер сити ја добил преку фиктивен консултантски договор.

Манчини пристигна во Сити во 2009 и беше на клупата на „граѓаните“ до 2013, освојувајќи ја првата лигашка титула на клубот по 44 години во 2012 година. Според германските извори, кои стигнале до неговиот договор, тој добивал 1.4 милиони фунти по сезона, плус дополнителни 4 милиони бонуси.

Истиот ден кога го потпишал овој договор, тој исто така потпишал договор за консултација со компанијата „Ал Џазира“, вредна 1.7 милиони фунти, која била исплатена без даночење.

Scroll to Top