Top Sport

Мбапе објасни зошто Меси го шутирал пеналот против Бриж

Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, објаснил зошто му дозволил на Лионел Меси да го изведе пеналот против Клуб Бриж.

Мбапе за шест минути и 13 секунди постигна два гола, имаше можност и за хет-трик, меѓутоа не го изведе пеналот кој беше досуден за ПСЖ.

„Ќе ни биде потребен Меси. Ќе ни биде потребен подоцна, во текот на сезоната, кога ќе се решаваат многу работи. Сигурен сум дека тогаш најмногу ќе ни помогне. Мора да има самодоверба, кога ќе дојдат решавачките натпревари. Тогаш ќе може да ни ја пренесе таа самодоверба. Добро е што постигна два гола и за него и за иднината на овој тим“, рекол Мбапе.

ПСЖ, од втората позиција во А-групата, избори место во осмина-финалето, додека во Лига 1 се убедливо први со 11 поени повеќе од Марсеј.

Scroll to Top