Неименуваниот фудбалер кој нападна судија со боксови на аматерски меч во Лондон, доби максимална казна – суспензија од фудбалот во следните 10 години.
Судијата Сатјан Токи доби исеченици над окото откако доби три боксови од фудбалерот кому му покажа црвен картон на мечот во Ектон, западен Лондон и по казната побара да се воведат и доживотни казни. Инцидентот се случил на 9 август.