Top Sport

Роналдо со својот 100-ти гол за Португалија!

Кристијано Роналдо стана вториот фудбалер во историјата кој постигнал 100 голови за својата репрезентација, откако успеа да ја донесе Португалија во водство на гостувањето кај Шведска.

Пред мегаѕвездата е само Иранецот Али Даеи, кој постигна 109 голови за својата репрезентација. Роналдо е првиот Европеец со овој рекорд и е на второто место на вечната листа пред Ференц Пушкаш, кој имаше постигнато 84 голови за Унгарија.

Scroll to Top