Top Sport

Десет загинати во пожарот, во тренинг центарот на Фламенго

Нова трагедија го потресе фудбалскиот свет, откако од Бразил пристигнаа информации за загинати во пожарот што избувнал во тренинг центарот на Фламенго.

Еден од објектите кој бил дел од Академијата целосно изгорел во пожарот, кој избувнал во раните утрински часови.

Првичните информации на медиумите се дека во пожарот смртно страдале десет лица, а три лица биле тешко повредени.

Идентитетот на жртвите не е познат, но како што пренесуваат бразилските медуми во објектот биле сместени фудбалери на возраст од 14 до 17 години. Најцрните прогнози се дека тие момчиња настрадале во пожарот.

По оваа трагедија се огласил и фудбалерот на Реал Мадрид, Винисисус Жуниор кој потекнува од Академијата на Фламенго.

„Тажни вести. Молитва за сите. Бидете силни“, напишал Винисиус.

Scroll to Top