Дидие Дешам признава дека не размислува за менаџирање на фудбалски клуб, јасно кажувајќи дека би сакал да го продолжи договорот и да остане селектор на француската репрезентација и по декември 2022 година.
52-годишниот Дешам веќе осум години е на чело на „триколорите“, период во кој им ја донесе светската титула во Русија во 2018 година, но има само уште 12 месеци од својот договор и најверојатно по ЕУРО 2020 ќе добие нова понуда.
„Може да продолжам и по 2022 со договор со претседателот на Француската фудбалска федерација. Луѓето сакаат да останам, но за тоа се потребни резултати. Во иднина ќе правам и нешто друго, но сега сум сосема задоволен од мојата работа. Не размислувам да станам клупски тренер, и ако условите се вистински, ќе продолжам“, вели Дешам.
Дешам ја предводеше Франција на 112 меча во сите натпреварувања, со 74 победи, 20 ремија и 18 порази.